Калинките постојат повеќе од 4.000 години. Збор калинка датира од околу 750 н.е. и потекнува од латинскиот „Punicum malum“ што значи „феникиско јаболко“. Секоја калинка е составена од точно 840 семки кои се наредени околу јадрото во слој што личи на саќе. Внатрешните мембрани и кората генерално не се јадат заради висока содржина на танинска киселина, но тие се корисни за миење на лицето.
Калинките се многу богати со антиоксиданти, а исто така се богати со витамини А, Ц и Е и фолна киселина. Особено се корисни за жените во менопауза, бидејќи помага да се ослободите од депресивно расположение, како и го намалува ризикот од остеопороза, карцином на дојка и срцеви заболувања.
Калинката може да се чува еден месец на ладно и суво место или во фрижидер до два месеца.
Да се направи оваа овошна (инфузирана) вода од калинка е ултра-едноставно. Има само четири состојки и делува освежувачки особено по голем оброк.
СОСТОЈКИ
- 4 ливчиња свежо нане
- 1 чаша семки од калинка 200 гр
- 1 Honeystick
- 4 чаши вода ~1литар
Упатствo
Додадете малку свежо нане во толчник. Нежно притиснете ги ливчињата со крајот на дрвената лажица за да ослободите дел од миризливата течност. Потоа во поголем сад ставете ги семките од калинка ,нане, мед и вода. Ставете во фрижидер 4-6 часа за да се измешаат вкусовите.