стареење; - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Со храна против стареење



Жените секогаш тежнеат кон младолика, затегната и мазна кожа. Многу од нив се решаваат за инстант решенија како ботокс или затегнување на лице , при што го губат природниот шарм.
Но се е поголем бројот на оние кои бираат природни решенија како јога, вежбање, медитација и конзумација на здрава и природна храна.
Стареењето е резултат на делување на слободните радикали односно на оксидациски стрес. Колку е поголем оксидацискиот стрес, поголема е веројатноста организмот да заболи од некои дегенеративни болести.
Здравата храна го намалува оксидацискиот стрес, и затоа е најдобар сојузник во бробата против стареењето. Изобилува со антиоксиданси, минерали, витамини и антиинфламаторни супстанци кои го подмладуваат организмот – одвнатре.

Следниве продукти конзумирајте ги почесто за да го забавите процесот на стареење:
1. Јаткасти плодови - благодарение на здравите мононезаситени и полинезаситени масти, јаткастите плодови помагаат да го одржите вашето срце здраво и да ве заштити од рак и хронични заболувања, како што е дијабетес. Секој ден јадете најмалку половина шака бадеми, орев, лешник и бразилски ореви, леблебија или индиски ореви.
2. Спанаќ - Овој зеленчук содржи силни фитонутриенти и антиоксиданти кои ја штитат кожата од сонцето. Спанаќот содржи бета-каротен и лутеин, кои ја подобруваат еластичноста на кожата.
3. Брокула - е меѓу најздравите видови зеленчук што постојат на Земјата. Изобилува со витамин Ц, кој благодарение на синтезата на колаген го забавува формирањето на брчки и ја прави кожата цврста и затегната. Таа содржи здрави протеини, калциум, кој гради силни коски, витамини А и К, влакна, лигнани, кои штитат од рак и срцеви заболувања, фитоестроген, кој помага во зачувување на функциите на мозокот и сулфорафан, кој му помага на телото да се ослободи од токсините. Со конзумирање на брокула, дефинитивно ќе го успорите оштетувањето на органите и ткивата кои се создадени со дејството на слободните радикали, а истовремено ќе го спречите појавувањето на сува кожа, што придонесува за постар изглед.
4. Смоква - веќе долго време се сметаат за плод на младоста и виталноста, а тоа не е без причина. Ова медитеранско овошје, всушност, изобилува со здрави флавоноиди и полифеноли. Тие содржат диетални влакна од пектин и други хранливи материи кои помагаат во варењето и елиминацијата на отпадните материи од телото. Благодарение на силните антиоксидантни својства, смокви го спречуваат влошувањето на клетката, што во голема мера придонесува за младешкиот изглед. Јадете го ова овошје во свежа или суво форма, особено за време на нивната сезона (доцна лето), со цел да се постигне подмладување ефект. Пробајте го овој 10 мин. природен и здрав десерт кој сите ќе ги воодушеви.
4. Мед – природниот чист мед има антисептични и антиоксидантни својства. Ја навлажнува кожата, што е корисно за намалување на сувоста на кожата. Го намалува црвенилото и се бори против воспалението кое е поврзано со иритации на кожата. Делува како природен чистач за да ја измие нечистотијата и да ја одржува кожата чиста без да ја исуши. Неговите природни полисахариди (шеќери) содржат ензими кои ја зголемуваат функцијата на клетките на кожата. Помага во промената на кожата со отстранување на мртвите клетки на кожата и промовирање на нов раст на клетките. Се бори против специфични видови на бактерии кои водат кон акни и мозолчиња. Античките Римјани ја знаеле тајната на медот и ја искористиле за да имаат помлада кожа.

Направете сами едноставна и ефикасна маска против стареење:
Измешајте 2 Honeysticks со една четвртина од зрело авокадо, 1 лажичка сув овес и 2 лажички сок од лимон. Нанесувајте ја неколку пати неделно за да ги видите резултатите за околу еден месец.




10 причини да го оставите шеќерот

Back to content | Back to main menu