Зошто да возите велосипед и во зима? - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Зошто да возите велосипед и во зима?




Идејата дека возењето велосипед во зима е резервирана за екстремените луѓе е заблуда. Многу зимски велосипедисти кажале дека ако се облечени соодветно и се внимателни, тоа е всушност сосема пријатно и забавно искуство.
  
Се проценува дека една милијарда луѓе возат велосипеди секој ден - за транспорт, рекреација и спорт.  
 
Велосипедизмот е еден од најлесните начини да се вклопи вежбањето во вашата дневна рутина, бидејќи тоа е исто така еден вид на транспорт. Возење велосипед е здрава вежба која може да се ужива од страна на луѓе од сите возрасти, од мали деца до постарите возрасни. Тоа е тип на  вежбање со помал импакт врз зглобовите одколку трчањето или други високо импактни аеробик активности.

Ова е листа на предности за возење велосипед во зима:

1.   Ја Зајакнува Самодовербата – знаејќи дека студенилото не може да Ве победи.

2.   Штедите Време – нема да имате проблем со пронаоѓање паркинг за велосипедот.

3.   Го Зајакнува Имуниот Систем- има поголема веројатност да избегнете настинки и грип, доколку бидете активни и не користите јавен превоз.

4.   Повеќе Почит – Пријателите и колегите можеби ќе мислат дека сте луди, но потајно се импресионирани!

5.   Го Зајакнува Духот – Физичката активност помага да останете позитивни во краткиот, темен и депресивен зимски ден.


Значи, немојте да го заклучите вашиот велосипед – продолжете со возењето. Не размислувајте премногу за тоа колку лошо времето би можело да биде, односно воопшто не размислувајте за тоа. Само облечете се и да излезете надвор и возете. А наградата за оваа одлука е бесценета.


Honeystick е идеален партнер во авантурата со Вашиот велосипед. Имајте мед  - 100% природен извор на енергија - секогаш при рака. Може да го носите во џеп, лесно се истиснува и нема да ги залепи прстите.





No comments

Back to content | Back to main menu