Jапонски меден колач - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Jапонски меден колач

Published by in 06. Cooking Ideas · 26/11/2015 11:56:00
Tags: колачмедмлекојапонијаШпанијаKasuteraCastella


Kasutera (Castella) е старомоден популарен јапонски колач. 

Потекнува од Шпанија од кралството Кастиља. Во 16-от век, португалските мисионери пристигнале во Јапонија. Тогаш Нагасаки бил единствениот јапонски град отворен за странска трговија. Португалците донеле многу необични нешта, како што се пиштоли, тутун и тикви. Бил корисен за морнарите кои биле на море со месеци бидејќи овој колач можеле да го чуваат подолго време Португалците им го презентирале колачот Castella на делегацијата на царот на Јапонија. 
Одтогаш наваму ова е традиционален јапонски колач кој е засладен со шеќер и мед. Kasutera има мека текстура благодарение на брашното, и е различен од сунѓер колачите во западните земји. Сепак,  е многу лесен за подготовка, и не содржи масти. Колачот може да го јадете и во комбинација со чај.

Состојки:
  • 7 големи јајца, на собна температура
  • 250g шеќер
  • 60ml млеко
  • 7 HONEYSTICK (или 80gr мед)
  • 200g брашно 

Подготовка
 
Загрејте ја рерната на 180C.
Изматете ги јајцата во миксер, додавајќи го постепено шеќерот, околу 10 минути.
Во друг сад, во затоплено млеко измешајте го медот и половина додадете во смесата со јајца и матете неколку секунди. Потоа додадете половина од брашното и продолжете со матење. Додадете го остатокот од мед и млеко, изматете, и на крај додадете го останатото брашно. Матете 2-3 минути. Ставете го во тавче со димензии 23cmx23cm.

Се пече на 180C 10 минути, а потоа уште 30-40 минути на 160C. Прекријте го со алуминиумска фолија за да не Ви изгори.
Извадете го колачот и веднаш превртете го наопаку и оставете така да се излади. На овој начин ќе се спречи ослободување на воздухот и колачот нема да спласне.

Целиот процес на подготовка може да се види овде 




No comments

Back to content | Back to main menu