Како да се ослободите од болките по планинарење? Следете ги овие 5 чекори... - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Како да се ослободите од болките по планинарење? Следете ги овие 5 чекори...

Published by Macedonian Honey in 03. Hiking · 6/10/2015 10:22:00
Tags: планинарењеболкаодморледкупкапрошетка

Планинарењето е спорт кој овозможува истражување на нови предели и истовремено е одлична вежба за Вашето тело. Сепак како последица може да се јават болки во зглобовите или отечени мускули. За среќа постојат многу природни и домашни лекови кои значително може да ја остранат болката. Најтешкиот дел можеби ќе биде да одолеете на искушението да планинарите додека трае болката.

Чекор 1: Одморете ги Вашите мускули. Ако имате болки во нозете, глуждовите или потколениците, потребно е да легнете и ја подигнете вашата болна нога над висината на срцето. За да Ви биде удобно, легнете на грб и подигнете ја ногата со неколку перници.

Чекор 2: Ставете лед пакување врз повредата кој има тенденција да отече, како на пример свиткан глужд. Доколку немате вакви пакувања, добро ќе послужат и кесите со замрзната храна (зеленчук или овошје). Држете го ледот најдолго што можете во првите 48 до 72 часа од планинарењето. Ако по 48 часа отокот се намали, тогаш држете лед на секој 20-30 мин.

Чекор 3: Конзумирајте многу протеини кои ги има во јаткастите плодови (ореви, бадеми, лешници) или во зрнестите плодови (грав, грашок) и пијте многу вода. Ова им е потребно на Вашите мускули за да закрепнат.

Чекор 4: Движете се умерено во периодот на одмарање. Ова има помага на Вашите мускули во борбата против здрвеност. По една кратка прошетка, кога Вашите мускули се загреани, направете истегнување во место. Застанете на скалило со петиците во воздух и подигнете се и спуштете се на прсти за да ги истегнате листовите на нозете. Потоа ставете ги рацете на ѕид, поставете една нога позади друга и свиткајте ја предната нога, а со задната нога застанете на петица. На овој начин ќе ја истегнете внатрешноста на ногата.

Чекор 5: Направете врела купка со горка сол (Epsom) која ќе помогне во опуштање на мускулите.

Важно: Доколку болката трае повеќе од една недела, посетете доктор.


Совет: Медот е идеален за конзумирање пред и по напорни активности. Природните шеќери (глукоза и фруктоза) кои ги содржи, брзо и лесно се раствораат во телото и веднаш се обновува изгубената енергија. HONEYSTICK e идеален партнер во вашиот спорт, бaлансирана енергетска порција, се носи секаде, не зафаќа простор во вашиот ранец и нема шанси да ги залепи вашите работи.




No comments

Back to content | Back to main menu