Смоквата како овошје се спомнува уште во Рајската градина, била омилена на Клеопатра, дури и доделувана како медали на Олимпијада.
Ова овошје е богат извор на влакна кои помагаат во контрола на шеќерот во крвта и го смалува нивото на холестерол. Богата со вода и природен шеќер корисна е за опоравување од исцрпеност и детоксикација.
Енергетската вредност кај 100 гр свежи смокви е 74kcal/310kj
Богата е со калиум, калциум, магнезиум, железо, селен и цинк. Од витамините најмногу содржи Б комплекс, витамин Е и К и малку витамин Ц
Смокви во рерна со мед и цимет
Потребни состојки
4 свежи смокви
Цимет
60 gr бадеми
Сладолед од ванила
1 лажица вода
Подготовка
Рерната се загрева на 200 Ц. На смоквите им се остранува дршката и се засекуваат на врвот во вид на крст се до средината. Врз секоја смоква се става малку мед, се посипуваат со цимет и грубо сецкани бадеми. Се пече 15-20 минути додека не се отворат смоквите. Се вадат смоквите и во тавата се става водата и се враќа во ререна уште 1 минута. Сосот се прелива врз смоквите и се додава сладолед од ванила.