Урбаното пчеларење во Лондон започнува уште во деведесетитте години од минатиот век. Само од од 2008-ма до 2013-та има пораст од 200% .
Во градините на Бакингамската палата постои еден дел недостапен за илјадниците туристи посетители каде се поставени кошниците. John Chapple, кој бил Претседател на Лондонското Здружение на пчелари, уште во 2008-та бил повикан на интервју, а од 2009-та е главен пчелар на кралицата. Во градината има езерце, а сред него има мал остров, рај за пчелите. На островот има повеќе од 350 видови на диви цвеќиња и 600 растенија, што даваат одличен мед. Со само 2 кошници, во првата сезона собрале 83 тегли мед, додека наредната со уште 2 кошници повеќе собрале 160 тегли мед.
Медот е полифлорен, чист и со златна боја, доволен за кујните во кралските домаќинства.
Се вели дека кралицата ужива во медот како составен дел од нејзиниот појадок. Нејзината пресуда за медот? Многу убав.
John Chapple е одговорен и за други 40 кошници распределени во останатите кралски паркови како Regent’s, Hyde и St James’s.
Во Ранг со Петтата Авенија шопинг област во Њујорк, Гинза областа во Токио е една од водечките светски центри во градот, полна со стоковни куќи од висока класа и дизајнерски продавници.