скијање - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

7 Идеи за поинаква прослава на Денот на вљубените



Денот на вљубените е за само неколку денови. Не сте сигурни како да го поминете Денот на вљубените? Можеби се уште нематепланови.
Овој ден на вљубените е време да пробате нешто различно. Наместо вообичаените вечера /кинопоминувањето во природа може да го направи овој празник интересен. Изненадете ги вашите сакани со екскурзија,и испланирајте ги активностите во кои заедно ќе уживате.
Празнувањето надвор немора да биде скапо, без разлика каде живеете

Еве неколку предлози:

1.Планинарење
Планинарењето е засилувач на среќата.Тоае одлична можност да се запознаете подобро и
притоа да направите мала вежба за Вашето телоПојдете во најблиското романтично место во шумата, и не заборавајте да понесете пикник ќебе. Тргнете пред изгрејсонце или зајдисонце за да ги почуствувате првите или последните сончеви зраци со вашиот сакан/аПонесете со себе светилкибидејќи по зајдисонце може брзо да се стемни.

2.Ноќна прошетка
Без разлика во која мена е месечината, амбиенталната ноќна светлина која се одбива од снегот, ја прави прошетката романтичнаПонесете си термос топло чоколадо при заедничката ноќна прошеткаОвој период од годината е најдобар за набљудување на ѕвездите, бидејќи воздухот при студено време е обично појасенЗапамтете ги безбедносни мерки на претпазливост, прочитајте повеќе тука.

3. Скијање
Сакате нешто повеќе? Исланирајте неколку дена на планинаисполнети со скијање, вечери и можеби дури и масажа во парови.Не може да биде повеќе романтично од тоа ...

4. Кампување
Камперски оган, можеби една заедничка вреќа за спиење, подготовка на појадок и вечера, прекрасни пејзажи и многу малку одвлекување на вниманието. Или, пак, изнајмете куќичка и уживајте.

5. Наоѓање водопади
Подобрете ја вашата врска со гледање водопади. Едноставно кажано, луѓето ги сметаат 
водопадите романтични поради суровата убавина и моќта на природата.

6. Прошетка покрај река
Реките се одговорни за оформување на некои од неверојатните карактеристики на планетата. Движете се по течението на реката, прескокнувајте мали вирчиња или направете една лежерна прекрасна прошетка.

7. Велосипедизам
Без разлика дали возите напорно по планинската патека или лежерно заедно во парк, велосипедизмот може биде добар тренинг и можност да го поминете времето со вашиот сакан/а. Исто така може да биде можност да се оди некаде каде не сте биле порано – да застанете на убав ручек, да го проучите новото место, а и да се одморат нозете пред враќањето назад.
 
Без разлика на тоа какво е времето што го имате во текот на зимата, се додека тоа не се температури под нулата, поминување во природа на Денот на вљубените е начин кој вие и вашиот близок може да го практикувате во наредните години.
Уживајте во прекраниот ден на отворено и не заборавајте да споделите мед со вашиот меден/а.





Како да се олесни болката во мускулите, по активниот планински ден?

Исхрана потребна за зимскиот одмор

Back to content | Back to main menu