Постојат податоци за користење на медот во детската исхрана од 9 век п.н.е. Бил користен во комбинација со млеко и путер.
На детскиот организам му е потрeбна високо калорична храна заради растење и агилност. Добро е познато дека децата сакаат слатки работи – интуиција за надоместување на изгубената енергија.
Бидејќи медот е богат со калории и витамини, претставува важен фактор за хармоничен развој на младиот детски организам и одржување на здравјето.
Медот ја олеснува апсорпцијата на калиум и магнезиум. Темните видови на мед го зголемуваат хемоглобинот во крвта, го подобруваат апетитот и прави децата добро да се чувствуваат. Фруктозата во медот подобро се апсорбира од лактозата во млекото.
Медот помага при лекување на инфекции, запек, гадење итн. Исто така медот има лаксативно дејство. Дигестивниот систем на децата кои конзумираат мед, функционира добро и децата имаат добар апетит.
Некои видови на ароматичен мед имаат смирувачко дејство врз нервозните деца кои заспиваат веднаш по конзумирање на малку мед. Мора да се внимава на децата да не им се дава одеднаш голема количина мед, бидејќи може да предизвика гадење.
Важно: Не се препорачува да се дава мед на дете помладо од 1 година. Медот може да содржи спори на бактеријата Clostridium Botulinum , кои може да се развијат во дигестивниот систем на бебето и да предизвикаат ботулизам – ретка, но потенцијално смртоносна болест. Овие спори се безопасни за децата над 1 година бидејќи организмите кои се наоѓаат во веќе развиениот дигестивен тракт, лесно може да се справат со оваа бактерија. За да бидете 100% сигурни, немојте да подготвувате ниту храна со мед (колачи, пудинг) за Вашето бебе.