
Билните чаеви се одличен начин да останете хидрирани и воедно да го одржувате здравјето на клетките, ткивата и органите. Пронајдени се документи поврзани за уживање и начини на користење на билни чаеви уште од антички Египет и Античка Кина.
Изборот меѓу илјадници лековити билки на пазарот, може да биде збунувачки. Овој напис е мал водич за некои од популарните чаеви и нивното дејство.
Решение за спор метаболизам

Зелен чај: Истражувањата покажаа дека зелениот чај може да помогне за побрзо намалување на телесната тежина. Тој го подобрува метаболизмот и ја забрзува оксидацијата на мастите, благодарение на својата содржина на кофеин.
Решение за подобар сон

Чај од камилица: Оние кои патат од несоница може да се обидат со чај од камилица.Овој чај ги подобрува мозочните хемикалии кои го контролираат циклусот спиење-будење. Исто така, има анти-анксиозност ефекти и помага при релаксирање благодарение на спојот на флавоноиди познат како апигенин.
Решение за настинки

Чај од бозел: Ова звучи како добра вест во зимската сезони. Се користи како плакнење на устата при кашлање, настинка и грип. Чајот од бозел, исто така помага во одржување на здрави синуси и лекување на воспаление на синусите.
Решение за стресот

Чај од маточина: Добиен од тиамин, има дејство на ефективно и брзо олеснување од анксиозност и стрес. Исто така, помага за спиење, без потреба од лекови за смирување. Тоа е одличен начин да се релаксирате после стресен ден на работа.
Решение за подуеност

Чај од ѓумбир: Одличен начин да се подобри варењето на храната, ги намалува стомачните гасови и надуеноста.
Решение за гадење

Чај од нане: Нането има многу здравствени придобивки и ова е добра вест за бремени жени, бидејќи е безбеден за употреба во текот на бременоста. Овој чај му помага на телото да се справи со варењете, што понекогаш предизвикува гадење и повраќање.
Истражувањата покажале дека користењето на мед како засладувач е поздрава опција од користењето на други засладувачи.