
Спротивно на популарното верување, трчањето е спорт кој бара огромна ментална концентрација. Кога се учествува во маратонот или трка, треба да се пресмета колку точно енергија е потрошено, и да се одреди темпото на трчање, за да се заврши целата трка. Одржување на стабилно ниво и справување со евентуалната болка, бара интензивна ментална концентрација.
Што се случува кога при недостаток на концентрација? Трчањето станува помалку ефикасно и се троши повеќе енергија. Кога трчањето е непријатно, умот може да биде исполнет со негативни мисли: уште колку има до крајот на трката, или дека тренингот го повредува телото
Зошто трчањето влијае на подобрување на неврогенезата во однос на другите аеробик вежби не е јасно, но д-р Nokia и нејзините колеги претпоставуваат дека трчањето го стимулира ослободувањето на одредена супстанца во мозокот како невротропниот фактор кој е познат при регулирање на неврогенезата.
7 придобивки за мозокот како резулта при редовно трчање:
1. Генерирање на нови клетки
2. Зголемување на мозочниот капацитет и процесот на размислување,како резултат на генерираните нови клетки
3. Подобрување на вештините за менаџирање и доследност да се изврши одредена работа
4.Трчањето е основно за здравиот развој на клетките
5. Најефикасна антидепресивна активност
6. Ве држи фокусирани и се ослободува ендорфин кој Ве прави среќни
7. Го подобрува протокот на крвта, која е богата со кислород, до мозокот и ја зголемува мозочната ефикасноста на долг рок!
Една бразилска студија за медицина и наука во спортоти вежбањето вели дека со напредните тренинзи 60 минути, три пати неделно, за 6 месеци, ќе се зголеми вашата
краткорочна и долгорочна меморија и внимание.
Како сето тоа е поврзано со медот?
Чистиот мед има нутропик ефекти, како што се зголемување на ефикасноста на меморијата, како и подобрување на неврофармаколошките активности и антидепресивните активности. Истражувањата покажуваат дека полифенол состојките на медот при обнова на имуниот систем, може да ги задоволат биолошките реактивни кислородни видови, како и контраоксидативниот стрес. Полифенолите во медот, се корисни во подобрување на меморијата и дејствуваат на молекуларно ниво.