алергија - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Сезона на алергии и ефикасноста на медот

Published by Elena Fidanoska in 01. Health · 12/5/2015 10:21:00
Tags: медалергијакивањелек

Кивање, насолзени очи, кашлање се дел од симптомите во пролет кои кажуваат дека можеби имате алергија. Нема потреба да останете затворени во вашиот дом. Има решение за намалување на овие симптоми и уживање надвор на убавото време
Редовно конзумирање на 1 лажичка два пати дневно квалитетен мед, собран од околината (радиус од 100 км).
Конзумирајте го пред излегување надвор, за да бидете отпорни на различните инфекции во воздухот. Локалниот природен квалитетен мед е ефикасен во борбата со воспалението на синусите и солзењето на очите. Преку поленот во медот, во организмот се внесува мало количество алергени, на кои телото се навикнува и гради отпорност.
Вреди да се проба бидејќи чини помалку од скапите лекарства за алергија.
Воедно медот е природен лек кој нема несакани ефекти од негово конзумирање, како што е тоа случај со антихистамините содржани во лекарствата. Медот помага за полесно дишење во случај на блага астма или алергија, особено џвакањето саќе му помага на дишниот тракт.

Важно: Немојте да давате мед на бебе помало од 1 година. Медот може да соджи спори на бактеријата Clostridium Botulinum , кои може да се развијат во дигестивниот систем на бебето и да предизвикаат ботулизам – ретка, но потенцијално смртоносна болест. Овие спори се безопасни за децата над 1 година бидејќи микроорганизмите кои се наоѓаат во веќе развиениот дигестивен тракт, лесно може да се справат со оваа бактерија. За да бидете 100% сигурни, немојте да подготвувате ниту храна со мед (колачи, кашички) за Вашето бебе.





Back to content | Back to main menu