5 причини да започнете со планинарење - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

5 причини да започнете со планинарење

Published by Macedonian Honey in 03. Hiking · 13/7/2015 12:22:00
Tags: планинипланинарењеактивностстрес


Лето е и време за надворешни активности. Планинарењето е совршено за разладување при летните високи температури и е спорт кој дава инстант резултати ако сте под стрес или сакате да слабеете или едноставно да уживате во прекрасните пејсажи на природата. Под претпоставка да не сте воделе седечки начин на живот основите на планинарењето се едноставни и може да се започне веднаш.

5 причини зошто да почнете со планинарење, да излезете од дома и да го напуштите вашиот телевизор:
1. Здраво е! 
Според Американското здружение, планинарењето обезбедува извонреден спектар на здравствени продобивки со релативно малку ризици. Со планинарењето телото е физички активно, потенцијално може да се намали телесната тежина, како и намалување на срцевите болести, високиот притисок , а воедно го забавува процесот на стареење. Планинарењето го подобрува и менталното здравје со намалување на стресот и анксиозноста, ги потикнува позитивните емоции и ја подобрува самодовербата. Социјаниот живот се подобрува со стекнувањето на нови познанства и склопување на пријателства
2. Едноставно е!
Како што ќе планинарите почесто, така Вашето тело ќе развие дополнителна издржливост, вештини и удобност на патеката. Убавината на планинарењето е дека за разлика од другите спортови (како санкање, скијање итн), го правиме секој ден (пешачење). Лесен спорт за почеток, може да се контролора нивото на тренингот и да се најде соодветниот ритам за Вашето тело. Доколку не се занимавате активно со некој спорт, а за да ја добиете потребната физичка кондиција, најдобро е месец дена пред одење во планина, секојодневно да практикувате брзо одење или трчење.
3. Евтино е! 
Споредено со било кој друг спорт, трошоците за основната опрема за планинарење се минимални. Удобни кондури, неколку парчиња соодветна облека, ранец и спремни сте. Како што повеќе ќе го засакате овој спорт, можеби ќе се одлучите за планинарење околју светот. Но, повеќето од нас имаат лесен пристап до националните пакови и природни патеки, така да нетреба да трошите многу пари за да излезете на планинарење.
4.Реално е! 
Сите ние трошиме многу време покрај компјутерите и во простории каде сме под неонки цел ден. Планинарењето Ве потикнува на чекор подалеку од вашето биро и чекор поблиску кон природата. Тоа е шанса да се доживее светот директно како и повторно да се осети ритамот на денот и годишните времиња. На овој линк ќе најдете одлични фотографии од македонските планини:
5. Вечно е! 
Колку што планинарењето е одличен начин да им се презентира светот на децата, исто таке е спорт во кој ќе уживаат цел живот. Исто и Вие. Голем број спортски активности имаа ограничен век или логистички предизвици. Но бидејќи планинарењето не бара голем напор и може да го контролирате интезитетот и времетраењето на тренингот, тоа е спорт кој може да го практикувате во секоја животна доб. Како што ќе стареете може нема да успеете одеднаш да се искачите на врвот. Или да планинарите 30 км дневно. Но на многу начини ќе бидете подобар планинар. Ќе ја разбирате повеќе природата и околината.
 
За да останете во форма додека планинарите, и секогаш да бидете полни со енергија, ви препорачуваме со себе да понесете мед, кој дава инстант енергија потребна на телото за извршување на оваа физичка активност. HONEYSTICK e идеален партнер во вашиот спорт, балансирана енергетска порција, се носи секаде, не зафаќа простор во вашиот ранец и нема шанси да ги залепи вашите работи.





No comments

Back to content | Back to main menu