
Благодарение на Римјаните кои уште од 2-от век го користеле како заштита во студените зими, денес овој пијалок е идеален за прослави и забави. Медот на вареното вино му дава дополнителна арома.
Состојки:
750ml црвено вино,
3/4 чаша вода
21 Honeysticks
или 3/4 чаша мед
15 зрна црн пипер
2 цимет стапчиња за виното, повеќе стапчиња (опционално) за сервирање
Лимон или портокал за сервирање
Подготовка:
Ставете ги виното, водата, циметот, црниот пипер и медот во тенџере. На средна топлина мешајте додека медот не се стопи. Варете околу 45 минути и при тоа внимавајте да не зоврие. Сервирајте со парче портокал или лимон и цимет стапче.