Научниците открија зошто трчањето Ве прави среќни - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Научниците открија зошто трчањето Ве прави среќни

Published by in 04. Running · 2/9/2015 11:20:00
Tags: трчањесреќахормоннапиток


Ако уживате во трчањето тогаш знаете за еуфоричното чувство кое го имате во средина на вашето трчање кога чуствувате дека нозете Ви летаат и може да го слушнете звукот на воздухот околу вас.Сепак  не фантазирате.

Научниците од Универзитетот во Монтреал открија дека станува збор за  хормот лептин.
Првичната употреба за хормонто лептин е да го регулира нивото на енергија. Му сигнализира на телото дека има доволно енергија  и го намалува трчањето и движењето. Во претходните студии научниците открија дека нивото на овој хормон варира кај луѓето кои имаат проблеми со спиењето, поголема тежина, изгладнување и емотивен стрес. Кога сте во движење , нивото на лептин може да опадне и според научниците како последица на ова, му се испраќа сигнал на мозокот  да генерира наградувачки ефект од трчањето.
Како што објаснуваат во списанието Cell MetabolismStephanie Fulton и нејзините соработници, направиле паралела помеѓу луѓето кои го бараат наградувачки ефект од трчањето и причините зошто јадат кога се гладни.
Во експериментот со глушец, научниците споредуваа нормален со глушец кој му недостига лептин и кај кој се ослободува сигнал за наградување. Нормалниот глушец трчал 6 км дневно , додека другиот скоро двапати повеќе т.е 11 км.дневно
Новата студија ги потврдува претходните истражувања на луѓето кои покажуваат дека пониското ниво на лептин е поврзано со зависнота од вежбање/тренирање и добро постигнато маратонско време.
Фултон забележува дека иако лептинот не е единствениот што го контролира нивото на  трчање, истражувањето сугерира дека луѓето со помало ниво на лептин, како маратонците, потенцијано го генерираат наградувачки ефект од трчањето и заради тоа се повеќе наклонети кон вежбање/тренирање.
 
За брзо надополнување на енергијата понесете со Вас енергетски напиток од мед
Потребни состојки:
• 1 HONEYSTICK
• 0.3 dl свежо исцеден сок од лимун
• ¼ лажичка сол
• 9 dl вода

Подготовка:
Измешајте го медот и лимунот, а потоа додадете ја водата и солта.

Хранлива вредност / 1 dl:
енергија 23 kcal; јаглехидрати 6,5 g; натриум 27 mg; калиум 32 mg




No comments

Back to content | Back to main menu