Овој коктел е познат во Мексико, Централна Америка, Карибите и САД.
Идеален е за летните горештини.
Watermelon Aqua Fresca се прави бистар така што водата постепено се меша со лубеницата. Може да се проба и со други вкусови како што се јагода, манго, диња и медлика.
Состојки:
- 2,5 до 3,5 кг лубеница исечена на мали парчиња исчистена од семки
- 2 чаши вода
- 1 голема лажица сок од лимета
- Лед
Подготовка:
Во блендер се става половина од парчињата лубеница и 1 чаша вода и се микса додена не се добие изедначена смеса. Потоа смесата се цеди и се става во поголем бокал. Се повторува процесот со останата лубеница и водата. Во бокалот се става сокот од лимета и мед и се надополнува со лед. Може да се додаде малку нане и парчиња лимета.
6 порции, 160 калории по порција