Сакате ефикасно да согорите калории? Пробајте планинарење - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Сакате ефикасно да согорите калории? Пробајте планинарење

Published by Macedonian Honey in 03. Hiking · 29/3/2016 10:43:00
Tags: outdoorhikingcardioweightlossworkout
 
Од планинарењето телото има повеќе бенефити; подобрување на кардиосистемот и согорување до 530 калории на час на патеката. И доколку времето е ветровито, експертите велат дека согорувате 5% повеќе. 
Планинарењето е одлична вежба за целото тело. Долготрајното планинарење е ефикасен начин за губење на тежината.
 
Напорот при планинарењето придонесува ефикасно да согорите стотици калории. Планинарењето како активност со послаб интензитет на напор и подолго времетраење го подобрува нивото на холестеролот во крвта и ја подобрува инсулинската функција. Холандско истражување покажало дека за подобрување на нивото на холестерол во крвта и инсулинот, а при еднаков број на согорени калории , активноста со низок интензитет (одење, стоење) се покажала многу поефикасна од кратка, интензивна активност.
 
Возрасни со тежина од 68 до 90 кг може да изгори од 1.900 до 2.500 калории при 4 часа пешачење.
Пешачење со ранец бара  понапорна работа на телото и предизвикува зголемување на согорени калории. Лице со 68-кг кое планинари со ранец тежок  10-20 кг согорува околу 80 калории на час повеќе од планинарење без ранец.

Ако сакате да изгубите тежина, важно е  при јадењето да не се вратат сите согорени калории. Направете комбинација на јадења кои го снабдуваат телото со сложени јаглехидрати, протеини, влакна и здрави масти кои ќе Ве заситат а истовремено имаат помалку калории. Суви житарици, зеленчук, овошје, јаткасти плодови како и Honeystick се добар избор за Вашиот ранец.

Планинарењето на отворено исто така е добро за вашиот мозок. Истражувањата покажуваат дека само пет минути вежбање во природна средина го зголемува Вашето расположение. Студија од Универзитетот на Јута и на Универзитетот во Канзас открива дека луѓето кои поминале 4 дена во природа, исклучени од електронските уреди,  постигнале 50 проценти подобар тест на креативност. Далеку од нашите мобилни телефони и таблет уреди, нашиот ум може да се релаксира, истакнуваат научниците, ослободувајќи ја нашата имагинација.

Не заборавајте да се облечате удобно бидејќи на повисоките места може да биде постудено, па дури и да има снег во зависност од тоа колку високо сте се искачиле.




No comments

Back to content | Back to main menu