Ова е лесен и едноставен рецепт со мед и пилешко. Лесно и едноставно јадење за само 20 минути.
Со сладок меден вкус, ова јадење е вкусен прилог на вашата трпеза кое ќе му се допадне на Вашето семејство.
Според Википедија ова јадење потекнува од Малезија, а потоа се појавува во еден ресторан во Хонг Конг. Па можеби заради тоа се вика пилешко на “кинески” начин.
Потребно е:
750 гр пилешко филе кое се сече на коцки
3 лажици сусам
1/4 чаша масло
Смеса за панирање
4 лажици пченкарно брашно
1/4 чаша брашно
1 лажичка прашок за пециво
1/2 чаша кисела вода
1/2 лажичка сол
Подготовка
1 Во киселата вода додате ги брашното, прашокот за пециво и солта и добро измешајте. Смесата треба да биде густа и сјајна. Додадете го маслото и оставете 30 минути да одстои.
2 Додадете го пилешкото во смесата и убаво измешајте.
3 Загрејте го добро маслото.
4 Пржете кратко додека не добие златна боја.
5 На крај прелијте го пилешкото со мед и сусам.
Bon appetit!