лимета - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Едноставна летна салата од диња, мед и ф'стаци



Дињата содржи витамин Ц и бакар, кои помагаат за поголемо производство на колаген и го обновуваат оштетените ткива, со што имаме поздрава кожа. Бидејќи содржи многу вода и калиум, дињата е ефикасна во одржување на крвниот притисок.

Медот е преполн со антиоксиданси кои можат да го спречат оштетувањето на клетките и помага за подобрување на вашата меморија. Исто така, медот содржи хранливи материи како што се протеини, вода, енергија, влакна, шеќери и разни витамини и минерали. Минералите содржани во медот се железо, натриум, калиум, фосфор, цинк и калциум. Медот е добар извор на витамини, како фолната киселина, витамин Ц, витамин Б2, Б3 и Б6.

Ф'стаците пак им помагаат срцето, очите, и имунолошкиот систем на останат здрави.

Оваа сезонска салата е супер-лесна и брзо се подготвува.

Состојки за салатата:
  • ½ диња сецкана на коцки
  •  Микс од зелени салати како рукола, цикорија, ендивија или радич
  •  ¼ шоља ф’стаци

Состојки за преливот:
  •  ¼ шоља сок од зелен лимон
  •  1 HONEYSTICK
  •  лажици маслиново масло
  •  Малку морска сол

Подготовка:
Во еден сад измешајте ги сокот од зелениот лимон, маслиновот масло , медот и солта. Миксот од зелените салати ставете ги во голем сад. Парчињата диња поставете ги врз салатата. Додадете ги фстаците.

На крај додадете го преливот и уживајте!




Back to content | Back to main menu