еволуција; - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Прашања и одговори

Многу не радува интересот од македонската јавност, предизвикан по овогодинешниот настап на #mk2025summit. Од twitter заедницата  добивме неколку одлични прашања. Ова е супер иницијатива за зачеток на нашата нова рубрика на страната (Q&A) 

Q. На кои типови на климатски промени биле тестирани и утврдена нивната резистентност?

А. Климатските промени и биодиверзитетот (биолошката разновидност) се нераскинливо поврзани. Климатските промени влијаат на биодиверзитетот на многу начини. Влијанијата врз видовите вклучуваат промени во дистрибуцијата и изобилството, времето на сезонски настани и на живеалиштата и, како последица на тоа, веројатно има промени во составот на растителните и животинските заедници. Биодиверзитетот пак, има важна улога во адаптацијата и ублажувањето на климатските промени. На пример, почвите, шумите задржуваат големи концентрации на  јаглерод. Начинот на кој се користат “живеалиштата” ќе влијае на тоа колку од тој јаглерод се ослободува во атмосферата.
Пчелите ја поддржуваат биолошката разновидност како главни опрашувачи (задолжени за опрашување на 80% од севкупниот растителен свет на планетава).
Но за жал во последните години бележиме рапидно намалување на бројот на пчелните семејства насекаде во светот. Процентот на намалување се движи и до 50%, што предизвикува голема еколошка и економска загриженост. Сите видови пчели често се загрозени поради загубата на живеалиштата и нивната фрагментација што произлегува од интензивното земјоделство, широката употреба на пестициди и ѓубрива, урбаниот развој и климатските промени. Значителниот пад на популацијата на пчелите ќе има драматично влијание врз биолошката разновидност и поврзаните економски активности, особено во производството на храна. Затоа, со превземање на мерки потребни за зачувување на пчелите, корист ќе имаат и луѓето, животните и другите видови на инсекти. Добро сочувани живеалишта и здрави екосистеми се решение. Научните трудови покажуваат дека растенијата и животните во својот еволутивен развој имаат тенденција да се прилагодуваат на промените кои настануваат околу нив. Пчелите преживеале на оваа планета во текот на милиони години. Не е логично сега одеднаш да изумрат. Затоа треба да им се даде шанса, да се прилагодат на новите промени, да донесат одлуки кои ќе бидат во согласност со новото време и да го прилагодат својот живот и развојот на заедницата. Наместо да се фокусираме на тоа колку мед може да добиеме од пчелите, ние се прашавме што можеме да  направиме за да ги заштитиме и зајакнеме. Наша работа како пчелари е да им овозможиме на пчелите пристојни услови за развој и затоа во нашата работа се раководиме од овие неколку принципи и решенија:
-   Конструиравме живеалиште за пчелите – Elle-Hive, кое ги следи потребите на пчелната заедница во текот на нивниот природен развој, а воедно и му ја прави работата на пчеларот полесна.
-   Ги одгледуваме пчелите во регион кој во радиус од најмалку 8км не постои никаква земјоделска активност со масовна употреба на пестициди и останати хемиски средства или радијација (на радиофреквентни бранови)
-   Не употребуваме никакви хемиски средства и препарати во кошницата кои можат да послужат како бариера во одбрамбениот механизам на пчелите и во носењето на одлуки за секојдневните активности на колонијата.
-   Го прилагодивме начинот на чување на пчелите –  да биде најмалку инвазивен – без внесување на дополнителен стрес во животот на пчелното семејство, начин достоинствен на развојот на човечката цивилизација и со тоа да им овозможиме да го прават она што тие го прават најдобро – да преживеат – а нас да не наградат со вишокот на мед. Исто така важен сегмент од нашата активност е дека не вршиме никаво ”стопирање” на роењето на пчелните семејства како нивен природен начин на размножување и со тоа ја поддржуваме популацијата на диви пчели во природата.
Така да краткиот одговор на ова прашање би бил дека ние мислиме дека решението на “отпорноста” кон климатските промени предизвикани од глобалното затоплување е во давањето на фер шанса за прилагодба. Оние кои се прилагодиле – преживеале - станале резистентни – ја промениле околината околу нив, а со тоа им дале шанса на наредните генерации полесно да преживеат... 



Q. Дали се направени генетски тестирања на пчелите коишто потврдуваат дека нивниот “посилен” генетски материјал се пренесува на следните генерации (тврдат на website)?

А. Природната селекција е еден од основните механизми на еволуцијата, заедно со мутацијата, миграцијата и генетскиот дрифт. Природната селекција на најдобрите и најуспешни се случува и во пчелната заедница. На пример, кога едно друштво сака да “произведе” нова матица, тоа гради  5-6 матични келии (матичњаци) во кои одгледува млади матици. Во одреден момент кога  една од матиците ќе се испили таа веднаш ги убива останатие неиспилени матици, но и влегува во борба со некоја соперничка во кошницата која речиси истовремено се испилила. Во таа борба на живот и смрт само најјаката матица која преживува останува во кошницата и е нејзина “кралица”.  Друг пример на природна селекција е кога матицата ќе излезе на свадбен лет, таа поминува покрај собиралиштето на трутови (машки пчели) ги мами на парење, лета високо нагоре и само најбрзите и најиздржливи трутови ќе ја оплодат. Така опстануваат само силните, упорните и издржливите. Пчелните семејства кои што ќе успеат да преживеат и притоа да соберат доволно мед за нив, ќе успеат да се развијат во јаки друштва - тие се тие од кои ние подоцна имаме потомци – матици- сакајќи да го искористиме тој генетски материјал кој на претходните генерации им овозможил да се справат со предизвиците. Веќе е научно утврдено дека одредени особини се наследуваат (наследените особини се нарекуваат – инстинкти), а одредени особини се учат. Она кое ние го правиме е да обезбедиме услови, развојот на пчелното семејство и развојот на особините кои доаѓаат искуствено да се одвива во средина која ќе им овозможи правилен развој и максимиално истакнување на вродените особини. Тоа е исто како и кај луѓето. Ако имате едно дете со одреден “вроден” талент тоа не значи дека тоа понатаму во живото по default ќе се развие во човек кој ќе го достигне максимумот во развојот на својот талент, туку тоа зависи од понатамошниот начин на живот на тоа дете и условите во кои се развива. Истото е и со пчелните заедници. Генетски наследените особини за да се развијат и дојдат до полн израз потребно е опкружување и практики на пчеларење кои тоа ќе го овозможат.



Q. Дали квалитетот на медот е подобар?

А. Главна состојка од која пчелите го прават медот е нектарот. Пчелата го зема нектарот од цветовите, кој е мешавина од разни шеќери, протеини и други соединенија, во воден раствор. Притоа во своето тело таа поседува неколку жлезди кои лачат одредени секрети - ензими со кои се врши разложување на сложениот шеќер од нектарот на прости шеќери –и како таков го складира во саќето, каде чека да испари вишокот на вода. Кога процентот на вода ќе падне под 20%, таа ја затвара ќелијата каде го складирала медот и со тоа процесот е завршен. Значи квалитетот на медот во најголема мера зависи од квалитеот на нектарот, кој пак е поврзан со загаденоста на почвата и аерозагаденоста и од способноста на пчелите да извршат разложување на сложените шеќери.  Ако прави разлика дали медот е направен од среќни пчели, пчели кои не се третирани со никакви хемиски средства, собрале нектар од растенија кои не растат на загадена почва итн – тогаш може да се донесе таков заклучок. 


       
Q. Дали биохемискта конституција на медот е поинаква?
А. Ве упатуваме да ја прочитате следната анализа 



Q. Дали има разлика во Royal Jelly со коешто се хранат , бидејќи од него зависи епигенетската трансформација во queen or workers?

А. Интересна е ситуацијата во пчелното семејство, каде е возможно од една иста ларва, под одредени различни услови да се развиијат две сосема различни единки – пчела работничка или матица. Значи, радикално различни видови на инсекти (животни) може да се создадат од идентичен генетски материјал; при тоа развојот на работничката пчела и матицата се разликува само по тоа кои гени се активираат. Гените создаваат протеини, кои го градат остатокот од телото. Ларвите во матичните ќелии (матичњаците) се опкружени со млеч (Royal Jelly); тие пловат во морето на оваа слатка пчелна храна во сигнификантно зголемените ќелии. Од друга страна пак ларвите на пчелите работнички јадат beebread (еден вид на ферментиран полен) и мед. Пчелите негувателки, на ова пчелно млеко - "workers Jelly" - додаваат вродени секрети како гарнир. Од поодамна знаеме дека исхраната на пчелите е вклучена во градењето на различни видови на пчели. Тоа е конвенционалното објаснување. Но, науката сеуште нема егзактна претстава како тоа точно се случува. Иако со векови човечкиот род живее со пчелите, луѓето сè уште учат толку многу за нив.
д-р Мај Беренбаум, професор на Универзитетот во Илиноис, САД и автор на новото истражување, вели дека не постои едноставен одговор на прашањето Што јадат пчелните “бебиња”? …
д-р Ришард Малеска од Австралискиот национален универзитет кој работи конкретно на медоносната пчелна епигенетика (Епигенетиката е проучување на тоа како надворешните средини влијаат на генската експресија) вели:
"Со нашето сегашно знаење ние само загребуваме по површината на биолошките системи, а биологијата на медоносната пчела не е исклучок. "Се занимаваме со 500 милиони години животна еволуција, па има многу да откриеме".
Бидејќи млечот е директно поврзан со развојот на матиците, на крај сакаме да појасниме дека ние во нашата работа развиваме одредени методи со кои одгледуваме млади матици кои понатаму се нуклеусот за создавање на нови пчелни семејства. Создаваме одгледувачки друштва за т.н. производство на матици и притоа не вршиме селекција на младите ларви (стари од 1-3 дена) од кои можат да се развијат матици, туку таа селекција им ја оставаме на пчелите. Не користиме вештачки изработени матични келии (матичњаци) кои потоа им ги додаваме на специјално одредените одгледувачки друштва туку тоа им го оставме на пчелите. Се трудиме да се исклучиме најмногу што можеме од тој процес, односно да создадеме услови процесот на развој на матици и нивната слекција да се одвива во најприродни можни услови.



Back to content | Back to main menu