Paucton; - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Урбани пчели кај “Фантомот во операта”

Published by in 11. Environment · 11/4/2019 09:43:00
Tags: Париз;Опера;JeanPaucton;пчели;мед
На крововите на Операта Palais Garnier во Париз се наоѓаат невообичаени станари.

Jean Paucton вработен во операта како  дизајнер, уште во далечната 1981 година, по завршувањето на пчеларство во Jardin du Luxembourg (каде веќе 150 години ги едуцираат Парижаните за пчеларство)  сакал да почне со своја кошница , надвор од Париз. Но тоа не се остварило и на предлог од  пожарникарот вработен во противпожарната служба во Операта, кој пак одгледувал пастрмки во резервоарот за вода, под Операта,  решил да ја постави својата кошница на 7-от кат на кровот на задниот дел од Операта, каде никому нема да сметаат. По една недела видел дека пчелите се задоволни со новата локација и  во кошницата има мед. Сега на кровот на Операта има 5 кошници. "Медот е од костените на Champs Elysée и липите кај Палата Ројал", вели г-дин Paucton. Благодарение на концентрацијата на миризливи цветови, дрвја и грмушки, неговиот мед има интензивен цветен вкус кој не им се допаѓа на сите. '' Некои велат дека има вкус како гума за џвакање '', вели тој. Тој вели дека пчелите понекогаш предизвикуваат проблеми кога се ројат и новата матица е во потрага по друг дом. Тој еднаш бил повикан да го тргне ројот пчели од бистата на Чарлс Гарние  архитект на Операта. Медот се продава во Операта како сувенир. 
Така започнало урбаното пчеларење во Париз.

Бидејќи Париз е град во кој е забранета употреба на пестициди и е полн со разни цвеќиња и дрва, пчелите се навистина среќни. Добриот живот води до импресивни бројки: Paucton секоја година добива 100 килограми мед по кошница, околу пет пати што можат да очекуваат руралните пчелари. Тој сè уште не може да одговори на побарувачката за неговиот "Опера мед". И не, неговиот мед не е загаден, тој инсистира. Владините тестови на парискиот мед откриле помалку траги од олово или други опасни супстанции отколку кај некои рурални средини, многу под дозволените нивоа, истакнуваат Пауктон и неговите соработници.
Секој цвет произведува нектар само неколку часа, за да привлече инсекти за опрашување, а тој нектар лежи длабоко во цветот, заштитувајќи го од смогот, велат пчеларите.

Денес во Париз има повеќе од 500 кошници низ градот како Musée d’Orsay, École Militaire, Notre Dame, Grand Palais и the Institut de France.. 





Back to content | Back to main menu